1) Традиција
Делавер одамна е позната како најатрактивна држава за организирање на бизнис клима. Корпорациските и труст закони во Делавер познати се по својата флексибилност во склучувањето на договорите. Исто така Делаверските судови кои ги интерпретираат овие закони се меѓу најугледните во државата и светот. Оваа традиција во ефикасноста ги привлекува деловните луѓе од целиот свет да формираат свои претпријатија баш во Делавер. Повеќе од половина од компаниите од Fortune 500 и NYSE /New York Stock Exchange/ имаат седиште во Делавер
2)
Неприкосновена договорна флексибилност
Основен пристап на делаверскиот статут е да му дозволи на странките да го дефинираат својот деловен однос со пишана спогодба која ги регулира операциите и менаџментот на правното лице /ЛЛЦ спогодба/ и да обезбеди правила само во оние работи во кои странките не се сложиле. Договорната флексибилност која ја нуди делаверскиот закон /уредба/ не може да се спореди со ниеден друг ЛЛЦ статут.
3)
Ограничена одговорност за сопствениците и менаџерите
Додека делаверскиот закон /уредба/ дозволуваат со делаверсата ЛЛЦ да управуваат нејзините членови тој небара нејзините членови да бидат и менаџери. И, уште што е поважно, оваа уредба овозможува да ниеден член или менаџер не биде лично одговорен за било каков долг или обврска на делаверската ЛЛЦ само поради тоа што таа личност е члан или менаџер.
4)
Погодности при оданочувањето на партнерството
Делаверската ЛЛЦ може да ги понуди истите предности во оданочувањето како и ограниченото партнерство. Исто така таа може да понуди поголема флексибилност во оданочувањето во областа на дистрибуцијата и може да се користи како вредно средство за планирањето на имотот /недвижностите/ и трансферот на богатствата
ЛЛЦ НЕ МОРА ДА БИДЕ ПРАВНО РЕШЕНИЕ ЗА СЕКОЈ:
Претприемачите кои не сакаат да ги сносат трошоците за формирање на флексибилна, влезена во шема деловна структура, би требало да се определат за стандардизирана структура на акционерското друштво.
|